Облачно со сончеви периоди

пред 3 години

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе биде денеска на територијата на целата држава информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информациите од таму во западните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Share
Scroll to Top