Објавен конкурс за питомци на Воената академија

Објавен конкурс за питомци на Воената академија

пред 4 часа

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје објави конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија и ги исполнуваат критериумите согласно објавениот Конкурсот да ја искористат можноста и да се пријават.

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои се македонски државјани, со завршено четиригодишно средно образование, да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи) и да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Подетални информации може да пронајдете на веб страницата на Воената академија на следниов линк.

Текстот Објавен конкурс за питомци на Воената академија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top