Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

пред 4 месеци

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи.

„Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во најтешките моменти“, велат од Град Скопје.

Во рамки на одбележувањето 62 години од земјотресот, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.

 

Текстот Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top