„Одговорност за сите вмешани во тепањето на полицаецот и попречувањето на акција против дрога“, бара СДСМ

„Одговорност за сите вмешани во тепањето на полицаецот и попречувањето на акција против дрога“, бара СДСМ

пред 3 месеци

„Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен“, вели СДСМ.

„Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока.

МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски?

Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Затоа овој случај мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност“, соопшти СДСМ.

Текстот „Одговорност за сите вмешани во тепањето на полицаецот и попречувањето на акција против дрога“, бара СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top