Одобрена набавката на лекот Ремдесивир, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

пред 3 години

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци државата ќе потроши 67,5 милиони денари.

„Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот Veklury (remdesivir) за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година“, соопшти Владата.

Share
Scroll to Top