Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на С Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата меѓувладина конференција со Скопје, пренесе бугарската агенција БГНЕС.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од документот до кој дошла агенцијата, како што велат од таму, јасно се гледа дека ништо од досегашната официјална бугарска позиција не фигурира во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со С Македонија.
„Ниту еден од бугарските услови наведени во Рамковната позиција од 2019 година не се појавува во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со С Македонија за членство во ЕУ. Единствено условот, кој не е дел од Рамковната позиција и кој е објавен во 2021 година, за вклучување на Бугарите во Уставот на С Македонија, се гледа во заедничкиот став на Советот“, пишува агенцијата.
Според БГНЕС, сите други услови, особено оние кои се однесуваат на објективизација на заедничката историја и како што велат, говорот на омраза во учебниците и медиумите, рехабилитацијата на жртвите на комунистичкиот режим врз граѓаните со бугарски идентитет, воопшто не фигурираат во предлог-одлуката.
„Не се предвидува ниту еден од бугарските услови во самата преговарачка рамка, а оттука и нема гаранции за спроведување на преземените обврски од страна на Скопје“, посочуваат од бугарската агенција.
Предлог-одлуката се однесува на два дополнителни билатерални документа, чија содржина засега не е позната, објави БГНЕС.
„Едниот е веројатно поопшт документ наречен протокол, кој преклопува некои од точките што Кирил Петков му ги опиша на пратеникот на ИТН Балабанов. Без оглед на неговата специфична содржина, гаранциите за имплементација на овој протокол не се предвидени во самата преговарачка рамка, како што сведочи предлог-одлуката на Советот“, наведува бугарската агенција.
Се додава дека другиот билатерален документ што најверојатно ќе биде објавен се однесува на формулацијата на македонскиот јазик, што значи и негово де факто признавање.
„Во документот се наведува дека Бугарија и С Македонија ќе дадат еднострани декларации за македонскиот јазик, а самите декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата меѓувладина конференција“, се посочува во текстот.
Како што вчера објави БГНЕС, Франција најави дека ќе достави формален предлог до сите земји-членки за укинување на ветото за Северна Македонија, а потоа бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание.