„Од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 часа

„Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на Егејското море“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?

Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини“, прашува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top