Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во однос на цените одредени минатата недела.
Со оваа одлука, Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,50 денар по литар.
Така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 66 денари, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 68 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 55 денари/литар.
Намалување има и кај цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот, кои од полноќ ќе можат да се купат за 44,50 денари по литар, односно 34,426 денари за килограм.