Од поранешен погон за оружје во Самоков украдени 162 пригушувачи за автоматски пушки

пред 3 години

Во попладневните часови на 11 февруари во полициската канцеларија Самоков, 36-годишниот скопјанец С.С., инаку управител на приватна фирма, пријавил кражба на муниција, која според неговата изјава била извршена во периодот меѓу јули 2020 и 9 февруари 2021.

Пријавителот посочил дека од магацин, лоциран во склоп на компанијата, поранешен погон за ремонт на оружје, а сега погон за конфекција, непознат сторител одзел 162 пригушувачи за автоматска пушка и две цевки и кундаци за воздушни пушки.

Полицијата извршила увид на местото, а за настанот бил известен јавен обвинител од кичевското основно јавно обвинителство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top