Од станови во кои чистела скопјанка украла накит вреден 960.000 денари

пред 2 години

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода 45-годишна скопјанка со иницијали М.А, поради сомнение дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Како што информираат од МВР, таа била пријавена на 14. март годинава од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит.

Вчера врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top