Општина Илинден објави Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

Општина Илинден објави Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

пред 3 часа

Општина Илинден и годинава ја продолжува поддршката за локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, Општината објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани земјоделци, со цел подобрување на квалитетот и продуктивноста на земјоделското производство, извести Општината

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека проектот има за цел земјоделците да добијат прецизни информации за состојбата на почвата што ја обработуваат. Овие анализи ќе им помогнат за правилно и навремено ѓубрење, зголемување на приносите, намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на земјоделските производи.

„Проектот се реализира континуирано како дел од Стратешкиот план за развој на Општината, со намера да се опфатат што поголем број земјоделци и да се обезбедат сеопфатни податоци за квалитетот на обработливо земјиште на целата територија.

Општина Илинден ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават на Јавниот повик и да ја искористат можноста за бесплатна анализа на почвата, како и стручно толкување на резултатите од експерти.

Јавниот повик е отворен од 17 март до 17 април 2026 година. За пријавување, потребно е да се достави копија од лична карта и имотен лист за катастарската парцела за која се бара анализа. Право на учество имаат сите жители со живеалиште на територијата на Општина Илинден, а изборот ќе се врши по принципот ‘прв дојден, прв услужен’“, се наведува во соопштението на Општината.

Текстот Општина Илинден објави Јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top