Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и за семејствата на загинатите во Кочани

Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и за семејствата на загинатите во Кочани

пред 10 месеци

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната седница донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата што ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени што се во процес на закрепнување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами”, рече градоначалникот Герасимовски.

Текстот Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и за семејствата на загинатите во Кочани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top