Општина Ѓорче Петров: започна реализацијата на  обука за претприемништво за наставници од основните училишта

Општина Ѓорче Петров: започна реализацијата на обука за претприемништво за наставници од основните училишта

пред 2 часа

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на дводневна обука за претприемништво, наменета за наставници од сите основни училишта на територијата на општината, со што се прави значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и развој на современи вештини кај учениците.

Преку оваа обука, наставниците се стекнуваат со знаења и практични алатки од областа на претприемништвото, финансиската писменост, циркуларната економија, дигитализацијата, користењето компјутери, екологијата и други современи теми кои се важни за развојот на младите генерации.

Обуката се реализира во рамки на соработката со здружението „Џуниор Ачивмент Македонија“, со што официјално започнуваат активностите на здружението во сите основни училишта во општината.

Со ова, велат, општината Ѓорче Петров станува првата локална самоуправа во која програмата започнува да се спроведува и во основните училишта, што претставува значаен чекор напред кон модерно, практично и квалитетно образование.

На овој начин, општината активно придонесува кон развој на претприемничкиот дух кај учениците уште од најрана возраст, поттикнувајќи ги да размислуваат креативно, да развиваат иновативни идеи и да се подготвуваат за успешни идни кариери.

По завршувањето на обуката, предвидено е организирање на голем натпревар во кој ќе учествуваат ученици од основните училишта од Општина Ѓорче Петров, каде ќе имаат можност да ги претстават своите идеи и проекти од областа на претприемништвото.

Соработката е воспоставена врз основа на Меморандум за соработка, претходно потпишан помеѓу Општина Ѓорче Петров и „Џуниор Ачивмент Македонија“.

Текстот Општина Ѓорче Петров: започна реализацијата на обука за претприемништво за наставници од основните училишта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top