Орце Камчев останува во притвор, судот ја одби жалбата

пред 3 години

Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на Орце Камчев и тој останува во притвор.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30 дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Share
Scroll to Top