Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

пред 48 минути

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош.

Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата.

По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии.

Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена.

ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.

Текстот Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top