Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС имаше средба и со домаќинот мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со која оваа година претседава Северна Македонија.
Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.
Беа разменети мислења и за заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.