Османи во МАНУ: “Рефлексија 2030” клучен документ за најважните надворешно – политичките цели на државата

пред 2 години

Денеска во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и во непосредна соработка со МНР на Република Северна Македонија, се одржа тематска дискусија посветена на Стратегија за надворешна политика на Република Северна Македонија “Рефлексија 2030”.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На конференцијата воведни обраќања имаа раководителот на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, академик Владо Камбовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во воведното обраќање Османи истакна дека Северна Македонија како созреана демократија, членка на НАТО и кандидат за ЕУ има потреба од донесување на сеопфатна Стратегија за надворешна политика “Рефлексија 2030”, изразувајќи очекување дека преку овој клучен документ на најсоодветен начин ќе бидат определени најважните надворешно – политичките цели на државата и ќе бидат адекватно адресирани пошироките општествени ставови, искуства и знаења во однос на соочувањето со големиот број на актуелни и современи предизвици на глобално ниво.

Османи се осврна и на прашањата кои се однесуваат на нашиот ангжман во НАТО, очекувањата за забрзување на евроинтеграцискиот процес, потребата од поголема внатрешна ангажираност, одговорност и единство, напредокот во стратешкиот дијалог со САД, подготовките за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, како и кон други важни теми и прашања, информираат од кабинетот на Османи.

Во текот на дискусијата активно учество земаа членови на МАНУ, научни работници од академската заедница на Северна Македонија и експертите од областа на меѓународното право, меѓународни односи и меѓународните комуникации, кои се осврнаа и разговараа околу концептот за изградба на нашата стратегија за надворешна политика. Ова, како што велат, ќе придонесе и за предвидливо дејствување на нашата дипломатија во наредниот клучен период, како и за други клучни прашања кои се поврзани со остварувањето на стратешките надворешно политички, безбедносни и економски интереси на државата и нејзините граѓани.

Share
Scroll to Top