Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и проактивна улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на Папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година, донело нова димензија во речиси тридецениските односи, исполнети со пријателство и взаемна почит.

„Сите дипломатските напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

Share
Scroll to Top