Османи: Заедничка е обврската да го задржиме европскиот кредибилитетот на Балканот

пред 3 години

На заедничкиот состанок на министерот за надворешни работи Бујар Османи и  заменик-премиерката и министерка за надворешни работи на Кралството Белгија, Софи Вилмес, било разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на Првата Меѓувладина конференција  за почеток на преговорите со ЕУ.

„Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка на земјите – членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги, и сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципиелни позиции и со Белгија“, истакна Османи.

Од МНР соопштија дека на средбата било разговарано и за билатералните односи меѓу двете земји, за кои било констатирано дека имаат стабилен и континуиран напредок.

Посетата на Брисел на Османи продолжува со средби со претседателот на белгискиот парламент Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат Стефан Д’Хос, а во рамките на посетата Османи ќе оствари посета и на седиштето на НАТО, каде ќе се сретне и со Генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Share
Scroll to Top