Османи-Ландсбергис: Неопходни се геостратешки одлуки за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес беше домаќин наминистерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, кој престојува во работна посета на нашата земја.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Османи порача дека неопходно е Европската Унија да направи итен исчекор за ефектуирање на одлуката за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија од март 2020 година, со што ќе го зајакне европскиот курс на регионот, ќе ја консолидира регионалната и европската стабилност и безбедности ќе ги одврати влијанијата на останатите геополитички центри на моќ.

„Со министерот Ландсбергиссе согласивме дека денес се неопходни геостратешки одлуки налик на оние од 2004 или 2007 година, кои ќе придонесат во зацврстувањето на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, но ќе го задржат и кредибилитетот на Унијата во регионот. Забрзувањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на Албанија преку почеток на преговорите е најдобриот начин за тоа, и сакам да изразам благодарност што за ова ја имаме целосната литванска поддршка.“

Министерот Ландсбергис истакна дека Литванија високо ја цени целосната усогласеност на нашата држава со Заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, преку воведување на сите рестриктивни мерки кои произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина, хуманитарната помош која ја обезбедува кон Украина и подготвеноста на Северна Македонија за прием на бегалци од Украина.

Голем дел од разговорите беа посветени и на соработката во рамки на НАТО, каде двете држави се сојузници, кои заеднички активно придонесуваат во сочувувањето на мирот и стабилноста на тлото на европскиот континент. Двајцата министри, осврнувајќи се на нарушената безбедносна архитектура во Европа, разговараа за придонесот на Северна Македонија во зацврстувањето на одбраната на Источното крило на НАТО алијансата, како и за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Мадрид.

На средбата стана збор и за соработката во рамки на ОБСЕ, при што министерот Османи информира за досегашните преземени чекори на Владата и на Министерството за надворешни работи со цел успешно претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

Share
Scroll to Top