Османи-Логар: Западен Балкан ќе биде важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава имаше средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар.

Покрај развојот и потенцијалите на билатералните односи, во разговорот доминираа темите поврзани со европската агенда на Северна Македонија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција во рамките на протугалското претседателство со Советот на ЕУ.

Во разговорот со словенечкиот соговорник, поради фактот што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ наредниот месец, доминираше темата за приоритетите на словенечкото претседателство, особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната агенда, известуваат од кабинетот на Османи.

Притоа Османи добил уверување од Логар дека Западниот Балкан ќе биде многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ како и дека клучното прашање на неформалните и највисоките можни политички дискусии ќе биде Самитот за Западен Балкан, со што прашањето за земјите од Западен Балкан ќе биде на врвот на дневниот ред во ЕУ. Соговорниците заклучиле дека оваа тема е од стратешко значење за ЕУ, не само за Словенија, туку и за регионот.

Двајцата министри во текот на нивното учество на „ГЛОБСЕК 2021“, заедно дебатираа и на Панелот со наслов: „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19“.

Share
Scroll to Top