Османи: Музејот во Сопот не е на УЧК, туку одбележува настан од 1944 година, Ахмети беше гостин

Османи: Музејот во Сопот не е на УЧК, туку одбележува настан од 1944 година, Ахмети беше гостин

пред 1 година

Музејот што викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година, а погрешно беше претставен како музеј на УЧК, рече министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Османи, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека партискиот лидер Али Ахмети присуствувал како гостин, а прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите, иако, според неговите информации се работи за семејно земјиште.

Додаде дека ДУИ нема удел во тоа, туку Ахмети присуствувал по претходно доставена покана.

 

 

Текстот Османи: Музејот во Сопот не е на УЧК, туку одбележува настан од 1944 година, Ахмети беше гостин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top