Османи на билатерални средби во Торино

пред 2 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа кој се одржа во Торино, оствари билатерлани средби со министрите за надворешни работи на Грузија, Илиа Дарчиашвили, на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, Ерменија, Арарат Мирзојан, Република Молдавија, Нику Попеску и првата заменичка министерка за надворешни работи на Украина, Емине Џафарова.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од ресорното министерство, фокусот бил на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, безбедносната состојба во ОБСЕ регионот, како и нарушената безбедносна архитектура во Европа. Биле разменети мислења и за ситуацијата во Украина и искористувањето на механизмите на Советот на Европа за одговорност за кршењето на човековите права. Била потенцирана и важноста на ЕУ перспективата како за земјите од Западен Балкан така и за тие од Источното партнерство.

Османи укажал дека како дел од триото претседавачи со ОБСЕ оваа година и иден претседавач во 2023 година, Северна Македонија силно се залага за зачувување на основните принципи и вредности на Организацијата – како што се почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на земјите учеснички на ОБСЕ.

Share
Scroll to Top