Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа што ќе се одржи во Солун, Грција, по што ќе следи самитот на ниво на шефови на држави и влади.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од МНР, на Министерскиот состанок ќе се разговара за статусот на регионалната соработка како и влијанието на моменталните меѓународни случувања врз динамиката во регионот на Југоисточна Европа.
Истовремено министрите за надворешни работи ќе ја одобрат заедничката декларација на самитот како и годишниот извештај на Советот за регионална соработка.
На маргините на состанокот Османи ќе оствари повеќе билатерални средби со свои колеги од земјите во регионот.