Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре (23 април) ќе оствари официјална посета на Косово.
Покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи, Доника Грвала Шварц, министерот ќе оствари средби и со косовската претседателка Вјоса Османи, претседателот на парламентот Глаук Коњуфца, како и премиерот, Албин Курти.
Како што информираат од ресорното министерство, за време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.
Воедно, се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот и безбедносните прашања.