Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан, на средби со Ди Мајо и Галагер

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Италија и Светата Столица.

Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе се сретне со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и состанок со членовите на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на Парламентот, предводени од претседателот на Комисијата, Пиеро Фасино.

На средбите се очекува да бидат отворени прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на Европската унија, и во тој контекст, поддршката од страна на Италија за почеток на преговорите на Северна Македонија. Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатено продлабочувањето на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Истиот ден, Османи ќе ја посети и Светата Столица каде ќе има средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер. Покрај можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица во области од взаемен интерес, а ќе се разговара и за теми засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовно традиции.

Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе се сретне и со претставници на здруженијата на нашата дијаспора, активни во Италија, со кои ќе размена информации за темите од нивен интерес, за нивните потреби, но и идеи. Во фокусот на овие средби ќе биде и пописот на нашите граѓани во странство, и начините за анимирање на што е можно поголем дел од дијаспората во овој процес.

Share
Scroll to Top