Османи утре во Лондон на состанокoт на министри за надворешни работи од Западен Балкан

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи Денес, утре на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан кој ќе се одржи во Лондон.

На состанокот како специјални гости се поканети Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во програмата на Османи се предвидени одвоени билатерални средби со Лиз Трас, Габриел Ескобар, Стјуарт Пич и Мирослав Лајчак, а ќе се сретне и со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот, Борис Џонсон.

Главна тема на дискусија ќе биде Западниот Балкан од аспект на економскиот развој и регионална интеграција, можностите за зголемување на трговската соработка, евро-атланската перспектива, борбата против пандемијата, предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања во духот на добрососедските односи во насока на постигнување просперитетен, демократски и стабилен Регион.

Share
Scroll to Top