Отворен ден во прифатилиштето за бездомни кучиња на ЈП Лајка

пред 5 години

Поради големиот интерес и желба на граѓаните да волонтираат и да се дружат со кучињата кои се згрижени во прифатилиштето за бездомни кучиња, ЈП Лајка утре (14. мај) организира отворен ден од 11 до 15 часот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„На овој отворен ден пријавените волонтери ќе имаат можност во паркот на милениците да се дружат, односно да играат, хранат, бањаат и да ги чешлаат кучињата од Лајка“, велат од јавното претпријатие од каде ги покануваат граѓаните што планираат или размислуваат да вдомат куче, својот миленик да го изберат од нивното прифатилиште.

На отворениот ден посетителите и потенцијални вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања.

Од Лајка најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш месечно, со цел да ги доближат граѓаните до нивната работа, а истовремено да ги поттикнат сите оние што сакаат да вдомат бездомно куче.

Share
Scroll to Top