Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово

пред 3 години

Полициски службеници од Берово во содејство со шумска полиција одзедоа околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва на повеќе локации.

Вчера околу 23 часот во дворот од куќа на ул.„Маршал Тито“ во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.

Денеска, пак, во с.Двориште, на место викано „Буково“, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва.

Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави МВР.

Share
Scroll to Top