Откриен oмикрон кај 9 пациенти од Скопје и Кочани

пред 2 години

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон на вирусот SARSCoV2.

„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти детектирана е oмикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци“, е наведено во соопштениетот од Министерството за здравство.

Сите позитивни пациенти, информираат од таму се од Скопје, а еден е од Кочани.

Share
Scroll to Top