Отстранета уште една трафика и гаражи во Центар

пред 3 години

Инспекциските служби на Општина Центар денеска отстранија уште нелегално поставени објекти кои не поседуваат соодветна документација.

Отстранет е еден времен објект – трафика, со димензии 2 х 1,5 метри, кој се наоѓаше на улица „11 Октомври“, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст.

Покрај трафиката, инспекциските служби денес отстранија и два помошни објекти – гаражи во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседувале соодветни решенија за поставување.

Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите.

За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов, информираат од Општина Центар.

Share
Scroll to Top