Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата, вели Мицкоски

Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата, вели Мицкоски

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека СДСМ продолжува да бара Груевски да одговара изјави дека во државата мора да има подеднакви услови за сите.

„Без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен висок функционер и тука не треба да има никаква дилема, никој. Барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата.

Но, она коешто загрижува е фактот дека од опозицијата сеуште не ја научија лекцијата. И сеуште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат и планираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата“.

Мицкоски како што рече, очекува од истата таа опозиција да биде критички насторена и да се однесува исто критички како што сега се однесува.

„Кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони.

Имам чувство, не велам дека имам информации, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност.“

Текстот Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата, вели Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top