Параглајдерист од Швајцарија паднал во околината на прилепско

пред 5 години

41-годишен жител на Швајцарија се здобил со повреди при пад со параглајдер во околината на прилепско.

Полицијата соопшти дека вчера во 16.08 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош бил донесен со телесни повреди А.М.(41) од Швајцарија.

Тој бил со престој во Крушево, а паднал со параглајдер на местото викано „Рибник“, во атарот на с.Новоселани, прилепско.

Share
Scroll to Top