Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

пред 3 години

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.

Oваа мерка пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче.

Share
Scroll to Top