„Паричник анкета“ наместо бројки: СДСМ вели дека реалноста на граѓаните се гледа во празниот џеб

„Паричник анкета“ наместо бројки: СДСМ вели дека реалноста на граѓаните се гледа во празниот џеб

пред 3 часа

СДСМ преку соопштение за јавност оцени дека економската состојба на граѓаните е најјасен показател за реалниот „рејтинг“ на власта, нарекувајќи ја таа слика „паричник анкета“.

Од партијата посочуваат дека додека цените на храната, сметките и горивото континуирано растат, платите остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот.

„Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие. Тоа е ‘паричник анкетата’“, велат од СДСМ.

Според нив, вистинската слика за состојбата во државата се гледа кога граѓаните ќе го отворат својот паричник и ќе се соочат со сопствената финансиска реалност.

„Реалноста е во џебот на секој граѓанин и таа реалност е сурова. Нема поголема вистина за рејтингот од празниот паричник“, наведуваат од партијата.

СДСМ додава дека граѓаните „едвај врзуваат крај со крај“, нагласувајќи дека секое семејство, секој работник и секој млад човек ја чувствува оваа состојба.

Текстот „Паричник анкета“ наместо бројки: СДСМ вели дека реалноста на граѓаните се гледа во празниот џеб е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top