Партијата за Движење на Турците во општина Радовиш го напушти владејaчкото мнозинство

пред 3 години

Партијата за Движење на Турците (ТХП) одлучи на локално ниво во општина Радовиш да го напушти владејaчкото мнозинство, така што од денес советникот на ТХП Јашар Сулејман ќе делува надвор од советничката група на актуелното мнозинство.

Од партијата велат дека ваквата одлука е резултат на крајно деградирачкиот однос и бројните закани на градоначалникот на општина Радовиш и локалните шерифи кон турската заедница.

„Турската заедница како и сите други има потреба од инфраструктура, и со години турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го срушат тој концепт. ТХП силно верува во вредностите на едно општество за сите и во изминатиот период јасно се спротивстави на политиките кои не го почитуваа истиот“, велат од партијата.

Исто така, додаваат од таму, нема да дозволиме да се појават нови форми на рушење на мултиетничките и културни односи.

„Во иднина упорно и без никакви калкулации ќе продолжиме да делуваме за еднакви можности на сите граѓани на Република Северна Македонија“, соопшти Општинската организација на ТХП Радовиш.

Share
Scroll to Top