Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

пред 3 години

Претседателот, Стево Пендаровски, и бугарскиот претседател, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

Како што е превидено, Радев најпрво ќе допатува во Скопје каде ќе се сретне со Пендаровски, а потоа заедно со бугарски авион ќе заминат за Рим.

„Двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република. На 27 мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре“, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Во базиликата, во IX век, Папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.

Share
Scroll to Top