Пендаровски на средба со новите амбасадори пред нивно заминување на должностите

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Македонија пред заминување во странските држави кадешто ќе ги извршуваат своите дипломатски должности.

На средбата присуствуваа Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешка, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска, амбасадорка во Австралија, Бети Јачева, амбасадорка во Холандија, Драган Јордановски, амбасадор во Естонија, Лидија Бошковска, амбасадорка во Грција и Милаим Фетаи, амбасадор во Хрватска.

„Очекувам да бидете проактивни во спроведувањето на нашата надворешна политика, соодветно да постапувате и одговорате на надворешно-политичките предизвици. Вам ви припадна привилегијата, но и големата одговорност да продолжите да работите на меѓународниот углед на државата“, истакна Пендаровски на средбата.

Share
Scroll to Top