Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

пред 3 години

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање.

„ Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови“ напиша на Фејсбук Пендаровски.

Тој претходно денеска како Врховен командант, издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет.

Share
Scroll to Top