Петар Богојески избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на Универзитетот за мир

Петар Богојески избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на Универзитетот за мир

пред 6 месеци

Проф. д-р. Петар Богојески, политички и граѓански активист и публицист, претседател на политичката партија Македонски концепт е избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на ECPD при Универзитетот за мир – UPEACE, основан од Генералното собрание на Обединетите нации, Њу Јорк – САД, во согласност со резолуцијата 35/55 од 1980 година. UPEACE ја извршува својата благородна задача под слоганот „SI VIS PACEM – PARA PACEM“ (Ако сакате мир – подгответе се за мир).

Универзитетот за мир е меѓународна институција за високо образование со цел промовирање на мир и соработка меѓу сите човечки суштества на духот на разбирање, толеранција и мирен соживот, стимулира соработката меѓу луѓето и помага во намалувањето на заканите за светскиот мир и напредок.

ECPD е меѓународна и вонтериторијална организација, која ужива академска слобода потребна за исполнување на нејзините задолжителни задачи и цели, особено во однос на изборот на теми и методи на истражување, академски и друг кадар, како и образовни програми и форми на ширење на знаењето со цел за промовирање на мирот, развојот и меѓународната соработка, основан според меѓународен договор да работи на територијата на „Хелсинки Европа“, која ги опфаќа земјите од Европа и Северна Америка, во рамки на Светскиот универзитет за мир основан од организацијата на Обединетите нации, работејќи на свеста дека не може да се обезбеди траен мир доколку земјите и нациите, со тешко минато не почнат да се развиваат на значително побрз и похармоничен начин од досега, како и од универзалната вистина дека нема мир без развој.

„Здружувањето на значителен дел од интелектуалните потенцијали на Западот и Истокот, на Северот и Југот, особено создавање на интердисциплинарната и креативна атмосфера за вистинска тимска работа, без разлика дали истражувате во Скопје, Њу Јорк, Мадрид, Москва, Париз, Брисел, Милано, Даблин, Будимпешта, Атина или Лондон, е основен предуслов за создавање на траен мир на планетата Земја. Знаењето, науката, образованието ќе не донесат до траен и одржлив мир“, вели Богојески.

Проф.д-р. Петар Богојески ќе работи на постдипломски степени и специјалистички обуки во повеќе научни дисциплини и области, и на спроведување на низа проекти посветени на промоција на мирот, развојот и меѓународната соработка, особено за територијата на Европа, но и други делови од светот, како САД, Канада, Јапонија, Кина, Индија и други земји, со учество на светски реномирани експерти од речиси сите континенти на бројни меѓународни научни конференции, семинари, курсеви, тркалезни маси, академски и стручни работилници и слично, преку објавување стручни и научни трудови и учебници за постдипломски студии.

Богојески и до сега беше ангажиран во речиси сите области на науката и истражувањето, особено со докторските и специјалистички студии, вклучувајќи рационално користење и развој на човечки и природните ресурси и економски развој, јавното претрпиемништво, културен и демократски развој и слично. Забележителни активности имаше во делот на јавните финансии, промоција на мали и средни претпријатија, транформација на јавниот сектор, управување со стопански и нестопански дејности и слично.

Текстот Петар Богојески избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на Универзитетот за мир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top