Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

пред 2 години

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание.

„Од една страна подадовме рака со тоа што отидовме таму, од друга страна ни дадоа нота што се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Оваа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Покажува дека Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија, многу е нормално да го кажат тоа, но за оваа нота е разговарано, зборувано, преговарано од нас, само затоа што направивме нов пристап, го добивме. Вчерашниот ден беше огромен успех“, изјави Кирил Петков.

Според него, работните групи ќе разговараат за дел од историјата во која владеел фашистички режим низ Европа и како тоа се одразило на територијата на денешна Северна Македонија.

„Повеќе од ова, историската комисија мора да навлезе во детали. Многу поважно е што се обединивме да имаме транспорт-врска од Софија до Скопје за 60 дена. Тоа ќе се направи на најтранспарентен начин“, рече Кирил Петков.

Прашан дали се придржувал до ставот на Консултативниот совет за национална безбедност, Петков рече дека многу луѓе вчера љубоморно виделе дека нешто што е постигнато со првиот потег – добивањето на нотата, другите не успеале да го постигнат изминатите години.

Бугарскиот премиер коментираше и дали се во ист тим со шефот на државата.

„Да, ние сме во еден тим, во тимот на Бугарија.

Share
Scroll to Top