Петков пристигна во Битола на свеченото отворање на клубот „Иван Михајлов“

пред 3 години

Бугарскиот премиер, Кирил Петков пристигна во Битола каде ќе присуствува на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Петков е во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.

Градот е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација.

Сојузот на борците од Битола претходно најави протест против отворањето на клубот со името Иван Михајлов. Од Сојузот велат дека станува збор за историски лик кој претставува еден од најголемите експоненти на фашизмот.

Share
Scroll to Top