Петмина насилници киднапирале скопјанец и го држеле во деловен обејкт во Карпош

пред 2 години

На подрачјето на скопската општина Карпош, на 15 февруари, полицијата ги лишила од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена од страна на 52-годишна скопјанка, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг.

Инспектори од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top