Петровска: Летниот кампус создава нови моќни пријателства

пред 2 години

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска присуствуваше на церемонијата на свеченото затворање и завршна вежба на меѓународниот „Летен кампус 2022“, што во изминатите две недели се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Летниот Кампус кој се реализира по единаесетти пат е во организација Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и оваа година учествуваа 90 студенти и питомци од 16 партнерски и пријателски земји.

Петровска ги поздрави учесниците и посочи дека благодарение на овој кампус, питомци и студенти од 16 земји беа обучувани од професори и предавачи од македонската Воена академија, но и од професори од Хрватска, Словенија и Унгарија, при што, покажаа дека знаат како да демонстрираат заедништво, истовремено запознавајќи се со различни култури и националности.

„Од она што го видов сега на оваа вежба, можам да кажам дека направивте одлична работа. Навистина сте посветени на она што го работите и навистина е добро што сме свесни дека имаме иднина сите заедно“, рече таа.

Додаде дека само заеднички можеме да се спротивставиме и да ги надминеме предизвиците и упати честитки до Воената академија за успешно реализираната активност.

„ Сите заедно, од 16 различни земји, НАТО сојузници, земји-партнери на НАТО, кои заедно вежбаат, го споделуваат своето искуство, своето знаење и најмногу од се создаваат нови пријателства и заедничка иднина. Ова покажува дека инвестирањето во вас е инвестирање во нашата иднина“, истакна Петровска.

На овогодинешниот Летен кампус, учествуваат питомците и студентите од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија Соединетите Американски Држави, Унгарија и од Република Северна Македонија. За време на двонеделната обука беа реализирани: практична обука за Односи со јавност, Медицинска обука, Борба во урбана средина, Обука за импровизирани експлозивни направи, Поставување на кордон, претрес и справување со толпа, кои беа дел од симулираните мултинационални операции во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир.

Share
Scroll to Top