Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси

Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси

пред 3 часа

Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, коментира пратеникот Бране Петрушевски.

„Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа.

Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник и со исти тези. Разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални позиции.

Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди кон Европа само исправена, достоинствена и со зачуван идентитет, а не понижена и на колена како што ја остави СДС“, се вели во реакцијата.

Текстот Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top