Пешак од Куманово завршил со тешки повреди по удар од автомобил

пред 3 години

86-годишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило, информира МВР.

Полицијата соопшти дека вчера во 10.05 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Доне Божинов“, патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Куманово удрило во пешак С.М.(86) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Share
Scroll to Top