Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Брвеница

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Брвеница

пред 2 часа

На 26 декември 2025 година околу 06:45 часот на регионалниот пат Тетово – село Брвеница, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Б.Н. од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од село Брвеница.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Текстот Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Брвеница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top