Полицијата синоќа казни 11 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во Битола.
„Полициски службеници од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес кон побезбедни патишта.