Според СДСМ, она што се претставува како платформа за „обединување на опозицијата“ во реалноста има сосема спротивна цел: систематско разбивање на опозицијата.
„Ниту една сериозна критика кон власта. Ниту еден збор за корупцијата, за економскиот колапс, за празниот буџет или за авторитарното владеење.
Целата енергија е насочена кон единствената опозиција – СДСМ која со сите сили се бори против огромната организирана криминална група што преку Христијан Мицкоски има целосна контрола врз правосудството, судството и полицијата, а преку Орбан во сопственост држи над 40 отсто од сите медиуми во Македонија, додека на останатите влијае преку закани и финансирање.
Истите луѓе кои наназад со години одвнатре учествуваа во рушење на рејтингот на СДСМ, сега однадвор продолжуваат да ја напаѓаат својата партија“.
Од опозициската партија оценуваат дека платформата за иднината на Мицкоски не е нова, таа, како што додаваат, е лансирана уште пред неколку месеци, само сега е официјализирана.
„Исто како што беше и со проектот ЗНАМ, кој целосно пропадна, сега се прави ЗНАМ 2.0 преку оваа платформа.
Моделот на ситенење на опозицијата и делење на опозиционите гласови, Мицкоски го презеде директно од Александар Вучиќ и неговата сестринска партија СНС.
Во Србија Вучиќ ја ситнеше опозицијата, ја подели, а дел од неа и ја купи. Мицкоски сака да го спроведе истиот copy-paste модел и во Македонија.
Сè за Мицкоски се работи од Белград. Единственото што доаѓа од Будимпешта се медиумите.
Затоа е јасно: ова не е борба за подобра иднина на Македонија. Ова е организиран проект за слабеење на единствената реална опозиција која се спротивставува на организираниот криминал“.
Единствен фронт кој се бори против оваа криминална структура, нагласуваат од СДСМ, е Фронтот за вистина и правда.
Текстот Платформа за „обединување на опозицијата“ со единствена цел: нејзино разбивање по моделот на Вучиќ, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.






