Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 23 – годишен државјанин на Република Албанија за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот управувал возило со македонски регистарски ознаки во близина на село Франгово, Струга, кога бил сопрен од полициски службеници. При извршен личен претрес на осомничениот, надлежните службени лица кај осомничениот пронашле 50 грама наркотична дрога – кокаин, која тој неовластено ја држел заради продажба. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга по донесувањето на Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.
Поведена постапка против државјанин на Албанија за продажба на кокаин
пред 4 години